На 95 годишна возраст, денес во Белград почина легендарниот српски глумец Власта Велисављевиќ. Причина за смртта е корона вирусот.
Глумецот пред 10 дена бил сместен во болница и бил приклучен на респиратор како резултат на влошување на здравствената состојба.
Власта беше најстар српски глумец, добитник на многу важни признанија и доживотен член на Српскиот народен театар. Има одиграно повеќе од 350 улоги во театар, филм и серии. Соработувал со бројни режисери и имал улоги во сите српски театри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.