Светските таблоиди неколку месеци шпекулираа дека актерот расел кроу (56) има нова девојка.

Таквите сомневања се потврдија откако го фотографираа актерот како се бакнува со новата девојка на тениски терен во Сиднеј.

Станува збор за Бритни Териот, која е 26 години помлада од Кроу.

Таа глумеше со него во филмот „Скрешниот град“, а до сега ниту таа ниту актерот не коментираат за нивната врска.

По ваквото нивно појавување во јавноста, фановите на актерот веднаш почнаа да коментираат дека Бритни неверојатно потсетува на неговата опрва сопруга, глумицата Данел Спенсер (51).

Расел се разведе од неа во 2018 година по 15 години брак, заедно имаат два сина, Чарлс (16) и Тенисон (14). Луѓе блиски до актерот велат дека Кроу многу тешко го поднел разводот со Даниел.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.