Во март следната година започнува снимањето на серија за Слободан Милошевиќ и неговото семјество. Серијата ќе биде во пет епизоди и во српска продукција.
Ќе го следи периодот од симнувањето од власт до неговото испорачување во Хаг. Се очекува оваа серија да ги разбранува духовите во регионот каде се уште се свежи сеќавањата од неговото владеење.
Се уште не е објавено кој ќе го глуми главниот лик, но и сопругата Мира и децата Марко и Марија.Од споредните ликови ќе се појави контроверзниот политичар Чеда Јовановиќ, како и првообвинетиот за убиството на Зоран Ѓинѓиќ, Милорад Улемек -Легија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.