Легендарниот актер Клинт Иствуд објави дека ја заршува својата богата филмска кариера која трае повеќе од 60 години. Глумецот има 92 години.
Мислам дека она – грациозно да се остари, е многу важен талент. За мене е предоцна – напиша актерот на Твитер, споделувајќи фотографии од негови бројни познати улоги.
Покрај глума, Иствуд се занимаваше и со режија и дури пет пати ја освои наградата на Американската филмска академија, Оскар.
Клинт Иствуд е на големото платно од 1959 година, но почетокот на неговата кариера не беше толку блескав. Поради договорот со студиото „Универзал“, според кој имал ниски примања, тогаш младиот глумец морал да се занимава и со други работи… Тој бил пожарникар, продавач и спасител на плажа.
Почнал да глуми во каубојски филмови, бидејќи на продуцентите им изгледал како каубоец. Така, се памети славната трилогија „За грст долари“ од 1960-тите, но и неговата улога како детективот „Валканиот Хари“ потоа.
За време на неговата кариера, тој честопати се обидуваше да се занимава со политика и го поддржуваше Доналд Трамп во неговата трка за Белата куќа. Во 1986 година, тој се кандидираше за градоначалник на малиот град Кармел-Бај-Д-Си во Калифорнија и победи. Негов најголем успех беше укинувањето на забраната за продажба на сладолед во градот по долго постоење на тој бизарен закон.
За време на неговата кариера, Иствуд беше еден од најплатените глумци во Холивуд, а беше и подеднакво успешен и како режисер.
Најголемиот успех, сепак, му беше оној во 2004 година, кога доби четири од седум номинации за Оскар за филмот „Девојка од милион долари“. Тој во тоа време имаше 74 години и стана највозсрасната личност која освоила Оскар за најдобра режија. Иствуд, инаку, беше пребирлив при изборот на улоги и одбиваше големи филмови, како оние за Супермен и Џејмс Бонд.
Неговиот последен филм е годинашниот „Нежниот Мачо“ (Cry Macho), од жанрот „нео-вестерн“, со приказна сместена во Тексас (САД), 1970-тите. Клинт Иствуд глуми, го режира и продуцира филмот, а прикажувањето е закажано за 17 септември оваа 2021 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.