Глумицата Селма Хајек поверувала дека во нејзиниот дом во Лондон имало духови.

Гостувајќи во „Шоуто на Елен“ Хајек објасни дека мистериозните работи во куќата стигнале дотаму, што морале да повикаат и „истерувач на духови“.

Мислам дека (куќата) беше опседната… Не е повеќе, дефинитивно не е како порано!. Не го видов тоа, но еден телохранител не сакаше веќе да работи кај нас бидејќи клавирот свирел само од себе… Светлата се палеа и гасеа… Вратите и прозорците се отвораа и затвораа… Сум видела такви работи. Многу други луѓе во куќата го виделе тоа – раскажа Хајек.

И ќерката на Селма – Валентина, која има 14 години, потврди дека видела духови во неколку наврати. Сопругот на Селма, Франсоа-Анри Пино, мислел дека сè тоа се „глупости“, но таа решила да повика „истерувач на духови“.

Така, тој дојде… И, почна да оди низ куќата и вели: „Да, има една стара дама овде и едно дете“, и ова и она… Тогаш, сите уште повеќе „одлепија“, затоа што тој најде, да речеме – 20 (духови) –  продолжува глумицата.

Еден од духовите, наводно бил калуѓерка

Таа има добри вибрации. Таа може да остане! – раскажува Селма на шега.

Според Валентина, во куќата сè уште има некои „неканети гости“, но и таа се сложува дека, за среќа, тие носат добри вибрации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.