Денеска во 19,15 часот на телевизијата „24“ ќе се емитува последната епизода од првата сезона на „Гласна куќа“, првата тинејџерска серија во Македонија, а од тимот најавуваат дека ќе се снима и втора сезона.
Втората сезона во 2020 година ќе има вистински пресверт во серијата, но не ви откриваме што точно ќе се случува. Целиот тим на ‘Гласна куќа’ ви посакува среќни празници полни со љубов, разбирање и среќа која ќе ве прати во 2020-та и секако, велат од тимот на ‘Гласна куќа’.
„Гласна куќа“ е првата тинејџерска ситком-серија, во продукција на КМК продукција, заедно со Актерската школа на Весна Петрушевска.
Сценариото е на Димитар Банов, а режијата е на Петрушевска. Серијата е плод на работата на првата генерација ученици во актерската школа на првенката на Македонскиот народен театар. Музиката и текстот во најавата се на Игор Џамбазов, а аранжманот е на Никола Перевски Пере.
Родителите и децата кои ја гледаат треба да ги разберат пораките кои ги испраќаат актерите во серијата, дека младите имаат свој „јазик“ додека другаруваат. Родители треба да ги сфатат своите деца, нивните потреби, нивниот начин на живот, велат од продукцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.