По филмовите за групите „Квин“ и „Мотли Кру“, најавен е и филм за легендарните „Секс Пистолс“ коишто заедно со „Рамонес“ и „Клеш“, се сметаат за највлијателен панк-бенд во Велика Британија.
Британската продуцентска куќа Старлајт Филмс работи на филмот веќе 18 месеци, а главен лик во приказната ќе биде покојниот менаџер на бендот Малком Мекларен, како и познатата модна дизајнерка Вивиен Вествуд. Филмот го следи развојот на „Секс Пистолс“ од 1975 до 1978 година.
Бевме одушевени од бројот продадени влезници за „Боемска рапсодија“. Тоа само го докажува огромниот интерес на публиката за вакви филмови – истакна режисерката Ајеша Планкет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.