Единаесет години по последната сезона, завчера конечно се случи долгоочекуваната премиера на новото продолжение на култниот серијал „Sex and thе City” – „And just like that”, кој веќе започна да се емитува на HBO.

Главните хероини, Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер), Миранда (Синтија Никсон) и Шарлот (Кристин Дејвис) сега веќе во шестата деценија од животот, се собраа во „Музејот на современа уметност ” во Њујорк, за да ја најават новата фаза од животите на главните протагонистки.

Сара Џесика Паркер пристигна со сопругот Метју Бродерик и синот Џејмс. Актерката за оваа прилика облекла сив фустан со кој искомбинирала наметка во иста боја и розови чевли.

Нејзината колешка Синтија Никсон пристигна во портокалова модна комбинација, додека Кристен Дејвис се одлучи за елегантен темносин фустан.

Рестартот на серијата „Сексот и градот“ има премиера денеска на HBO GO, кога пристигнуваат две епизоди. После тоа, секој четврток ќе се нуди нова епизода, а ќе има вкупно 10.

Покрај Сара, Синтија и Кристен, во серијата глумат и Сара Рамирез, Сарита Чудхури, Никол Ари Паркер, Карен Питман, Крис Нот, Марио Кантоне, Дејвид Ајгенберг, Вили Гарсон и Еван Хендлер.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.