Само на тебе не ти е грижа за Лук. Баш гледав дали ќе објави нешто за Лук и токму кога се понадевав дека се грижи – таа објавува неприкладна фотографија за овој момент. Засрами се Џени, е само еден од коментарите.

Лук Пери, омилениот заводник од серијата “Беверли Хилс”, почина на 4 март во болницата Сент Џозеф во Бурбенк, откако на 27 февруари во својот дом доживеал мозочен удар.

Од славниот Дилан од “Беверли Хилс” со потресни пораки се опростиле голем број на луѓе, меѓу кои и многу негови колеги.

Меѓутоа, актерката Џени Гарт не се огласила, славната Кели од споменатата серија. Таа по тишината по смртта на Лук ја објавила првата фотографија, на која позираат нејзините ќерки.

Кога ја споделила фотографијата стотици луѓе почнале со коментарите, на кои во главно ја осудувале бидејќи не се огласила по смртта на актерот.

Само на тебе не ти е грижа за Лук. Баш гледав дали ќе објави нешто за Лук и токму кога се понадевав дека се грижи – таа објавува неприкладна фотографија за овој момент. Засрами се Џени, е само еден од коментарите.

Кога видела колку далеку отишла целата работа, Џени се огласила.

Здраво на сите. Одлучив денес да објавам фотографија од моите девојчиња, бидејќи тие се мојот живот. Бидејќи, денес е денот кога се слават сите жени. Долго ми требаше да посакам да славам било што. Размислував за тоа и знам дека тоа би го сакал мојот драг пријател. Неговите деца беа неговиот живот. Сите кои го познаваа го знаеја тоа, како и дека не го интересираа социјалните мрежи. Па така, би ве замолила, немојте да судите и да пишувате грозни коментари. Тоа не е кул. Искрено, Џени, напишала актерката.

Кели ѝ го презеде Дилан на Бренда кога Бренда замина за Париз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.