Поминаа две години откако Камерон Дијаз драматично потврди дека се пензионира од глумата, но оваа убавица сепак не сака да се откаже од својата работа толку лесно.
Во неодамнешното интервју со нејзиниот стилист Гучи Вестман, ѕвездата на филмот „Чарлиевите ангели“ призна дека „никогаш нема да каже никогаш“ кога станува збор за нејзиното потенцијално враќање на големото платно, предизвикувајќи надеж кај фановите.
Сепак, многумина се надеваат дека Камерон повторно ќе глуми, без разлика дали станува збор за продолжение на хит филмот „Најслаткото нешто“ или нов филм што би било различно од се што има направено претходно. Нејзината последна улога беше во филмот „Ени“ во 2015 година, во кој глуми со Џејми Фокс и Роза Бирн.
Дијаз засега ужива во семејниот живот со сопругот, музичарот Бенџи Медон и нивната ќерка Редикс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.