Јелена Јованова на Фејсбук се огласи зошто ја немаше во новогодишното издание на Преспав. Таа се појави на кратко во телефонски разговор со својата „другарка“ Марио.

-Драги мои Преспавци, се надевам како што уживате во новата сезона, ќе уживате и во новогодишната епизода. После небројните прашања кон мене, продукцијата и моите колеги за тоа каде е и зошто ја нема Јелена од Драчево во оваа специјална епизода, би сакала на кратко да ви одговорам. Јелена се разбира дека вечерва ќе ве посети, на кратко. За жал ситуалцијата со корона овој пат не дозвоили поинакво решение. Знам дека ме разбирате и ќе ми простите. Од срце ви посакувам Среќна Нова. Ред се оваа да биде! Ве сака Јелена од Драчево, ѓжжена за све!, пишува во своето обраќање на социјалната мрежа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.