Љубителите на филмот во поранешна Југославија ги израдува веста дека ќе се снима продолжение на „Жикина Династија“.

Освен починатите Драгомир Бојаниќ Гидра и Марко Тодоровиќ ќе настапи комплетната актерска екипа. Па така во новиот серијал ќе бидат Никола Која како Миша, Весна Чипчиќ како Елза, Владо Петровиќ како Боба и Риалда Кадриќ како Марија.

Риалда е многу среќна што ќе ја повтори улогата на Марија која ја вивна во популарноста и која и го промени животот. Таа живее во Лондон  и не се занимава со глума но со задоволсто ќе се појави во новата „Жикина Династија“.

Во животот прифаќам се што креира позитивно искуство. А тоа е комуникација и работа со луѓето кои ги ценам и ми одговараат-вели Риалда, или Марија на Боба, како повеќе милувате.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.