Актерот и политичар Бранислав Лечиќ најави дека добил покана утре да даде исказ во Вишото јавно обвинителство во Белград по повод обвинувањата на колешката Данијела Штајнфелд дека ја силувал на 7 мај 2012 година.
Лечиќ поради овие наводи само што објави дека се повлекува од чело на Демократи на Србија.
Како оваа моја борба за вистината не би нанесувала штета на сите оние со кои учествувам во борба против овој злокобен режим, се повлекувам од движењето Демократи на Србија.
Ова е моја лична борба за одбарна на својот интегритет, име и професионален углед и не сакам да ги оптоварува сите оние кои се искрени борци за нормална, слободна и демократска Србија, вели Лечиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.