Кој ја издаде прочуената сицилијанска мафијашка организација Коза Ностра? Како во осумдесетите години на минатиот век судијата Фалконе отвори случај против стотина членови на мафијата.
Наградуваниот италијански режисер Марко Белокио во својот најнов биографски филм Предавнит ни дава драмски одговор на овие прашања прикажувајќи ја приказната за судењето од 1986 година, која ја памти секој повозрасен италијан, судењето на најозогласените имиња од Палермо.

Еден од водечките италијански режисери Марко Белокио, автор на филмовите „Кина е близу“ и „ Во името на Отецот“, во оваа биографска драма го прикажува животот на Томасо Бушети, првиот мафијашки доушник на Сицилија во осумдесетите, таканаречениот „газда на два света“.

Покрај паралелниот универзум со свои правила и вредности, Коза Ностра со застрашувања и ликвидации вкоренувала страв, а кога била донесена пред суд, самиот процес го потценува и претвора во пародија: „Тоа е единствен процес. Процес кој ја раскажува приказната за мафијата која правеше бука во судницата, ги прекинуваше судењата, имаше огромна моќ. Се служеа со сите средства . Си играа театар, но процесот неможеше да се прекине,“ вели режисерот Белокио наведувајќи дека го заинтригирало нешто толку сериозно, што на моменти личело на театар.

Филмот кој е добитник на италијанската награда Златен Глобус собра безброј позитивни критики, и ќе се најде на редовниот репертоар на кината од 26 декември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.