Легендарниот српски актер, Велимир Бата Живоиновиќ, почина пред четири години, а сега неговиот син Миљко открива дека се простил од својот татко преку телефон два дена пред тој да почине.

Последен пат слушнав со татко ми два дена пред да почине. Ќерка ми Дина рече дека неговата состојба драстично се влошила и отиде во болница. Вклучивме камери на телефоните и разговаравме и се гледавме долго, долго. Сите знаевме дека се збогуваме и пуштивме неколку солзи. Во еден момент ја пуштив песната на Оливер Драгојевиќ „Мој галебе“ и ја отпеавме заедно од почеток до крај. Ја пеевме таа песна цел живот на заеднички патувања и семејни прослави. Неверојатниот дух не го остави до последната секунда. Како да ни остави смисла за хумор и непоколеблив оптимизам – раскажува Миљjко.

Тој последен пат го видел својот татко во живо во 2012 година, кога Бата го посетил во Париз. Истата година, славниот Валтер претрпе мозочен удар, по што веќе не можеше да оди на долги патувања.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.