Холивудската ѕведа Џони Деп пристигна во Белград за да го продолжи снимањето на филмот „ Минамата“.Познатиот актер ја толкува улогата на Јуџин Смит, славен воен фотограф кој го разоткри труењето со жива на жителите на јапонскиот град Минамата, коесе вршеше со испуштање на тепки метали од хемиската фабрика на компанијата „Чисо“.
Дејствието на филмот се занимава со работата на Смит за магазинот „Лајф“ и фото есејот од1972 година низ кој на пошироката јавносѕ и ги претстави ужасите на болеста откриени во Јапонија во 1956 година.
Сценариото е на Дејвид Кеслер според книгата на Јуџин Смит и неговата сопруга Ајлин Миоко Смит, насловена „Минамата: Приказна за труењето на градот и луѓето кои одлучија да го носат бремето на храброста“. Снимањето на филмот почна во Јапонија, а последните недели од јануари се пресели во Белград, пренесуваат „Вечерни новости“.
Деп е сместен во центарот на Беглрад и има приватно обезбедување поради заштита од обожаватели и папараци, а по Белград тој го продолжува снимањето на Тиват.
Ова е трет пат Деп да доаѓа во Белград. Прв пат дојде во 1992 година кога засвире со „Партибрејкерси“ во СЦК, а вториот пат беше во 2010 година кога беше специјален гостин на Кустурица на „Кустендорф“.
Доаѓањето на славниот холивудски актер се полкопи со одржувањето на 47 ФЕСТ, па српските медиуми пренесуваат дека е можно токму Деп да го отвори фестивалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.