Американската глумица и комичарка Али Вентворт објави дека е заразена со коронавирус.

55-годишната актерка од „Џери Мегваер” и комедијата ,,Како да се добие нога” (Office Space) ја откри дијагнозата на Инстаграм, каде напиша дека се чувствува многу болна и е изолирана од остатокот од семејството.

Никогаш не сум била толку болна. Висока треска. Страшна физичка болка. Тежина во градите. Изолирана сум од моето семејство. Ова е чиста мизерија“, изјави таа.

Нејзиниот сопруг, водителот на шоуто Добро утро Америка, Џорџ Стефанопулос, најави дека ќе работи од дома откако на сопругата и е потврден Ковид-19.

Во последните неколку недели, Вентворт во повеќе наврати ја потенцираше важноста на самоизолација во обид да се ограничи ширењето на вирусот. Таа ги потсети нејзините повеќе од 180.000 следбеници вчера кога ја сподели нејзината дијагноза, со хаштагот #stayhome.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.