Иако актерката Глен Клоуз (74) во својот живот имаше осум номинации за Оскар, досега ниту еднаш не го доби. Но, секогаш се радуваше на победите на своите колеги и одлично се забавуваше.
Ниту синоќешниот настан, кога по 93. пат се доделуваа Оскарите не беше исклучок. Клоуз тверкуваше и ги забавуваше сите присутни.
Гостите на Оскарите помеѓу прогасувањето на победниците се забавуваа со разни игри, а една од нив беше – погоди ја песната. Водителката Лил Рел Хановери ги праша присутните дали песната која ја слушаат добила Оскар и многу гости не го знаеја одговорот.
Кога ја запрашаа Клоуз, актерката погоди дека станува збор за песната „Da Butt” на групата Experience Unlimited” и заигра во ритамот на песната. Вешто покажа дека знае да тверкува и беше наградена со громогласен аплауз.
Glenn Close just won her first Oscar for Best Live Action Short Film #Oscars pic.twitter.com/RgtaFO33Uj
— Joey Nolfi (@joeynolfi) April 26, 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.