Голема трагедија се случи за време на снимањето на филм во Ново Мексико кога познатиот актер Алек Болдвин пукајќи со реквизитно оружје ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза.
Несреќата се случила за време на снимањето на филмот „Рѓа“ на ранч јужно од Санта Фе.
42 -годишната Хачинс со хеликоптер била пренесена во Универзитетската болница во „Ново Меико“каде што починала, а Соуза со возило на итната медицинска помош бил пренесен во регионалниот медицински центар Крист Сент Луис.
– Хачинс и Соуза се здобиле со прострелни рани кога актерот и продуцент Алек Болдвин испукал куршум од филмски реквизит, соопшти полицијата.
До овој момент за инцидентот никој не е уапсен и нема покренато обвинение. Истражителите испрашуваат сведоци, а истрагата е се уште е во тек.
Во соопштението од продукцијата на филмот „Рѓа“ се наведува дека до несреќата дошло поради несоодветна употреба на филмско оружје – реквизит.
Според истражителите, немилиот настан се случил за време на снимањето на сцена која вклучувала употреба на реквизити за огнено оружје кога се случило и пукањето. Во тек е истрагата за видот на испуканите куршуми.
Слична трагедија се случи во 1994 година кога синот на славниот Брус Ли, Брендон Ли, беше убиен откако актерот Мајкл Меси го застрела со несоодветно подготвен празен пиштол снимајќи филмска сцена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.