Вчера на РТС почна да се емитува серијата „Породица„ посветена на апсењето на Слободан Милошевиќ.

Поточно серијата ги обработува последните два дена во 2001 година кога Милошевиќ беше уапсен во неговата вила како веќе поранешен претседател на СРЈ. Тој беше уапсен и однесен во затворот во Белград  а по неколку месеци беше префрлен во Хаг каде и почина.

Дејствијето се одвива во вилата „Мир“ на Дедиње каде власта на Ѓинѓиќ дава налог да се апси Милошевиќ кој е под заштита на војската.

Драмата трае два дена и Милошевиќ конечно е упасен но тука се вмешуваат Коштуница, Павковиќ, Чеда Јовановиќ.

Мира и Слоба маестрално ги одиграа Борис Исаковиќ и Мирјана Карановиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.