Серж Светној, кој работеше како електричар на снимањето на филмот „Руст“, каде актерот Алек Болдвин со истрел од реквизитен пиштол случајно ја уби снимателката Халина Хачинс, на својот Фејсбук профил ја објави последната фотографија од Халина, која е направена на сетот во црквата.
„Моето гледиште за трагедијата на „’Рѓа“. Добив стотици повици, пораки, писма со поддршка и сочувство за трагедијата со Халина Хачинс и многу сум им благодарен на сите. Да, ја знаев Халина. Некогаш делевме храна и вода. Горевме на сонце, смрзнувавме на снег. Се грижевме еден за друг. Да, можам со 100 процентна сигурност да кажам дека таа ми беше пријателка“, започна тој.
„Застанав рамо до рамо до Халина за време на фаталното пукање кое и го одзеде животот и го повреди режисерот Џоел Соуза. Ја држев во раце додека почина. Нејзината крв беше на моите раце. Сакам да кажам зошто се случи тоа. Мислам дека имам право на тоа. Ова е последица на невнимание и непрофесионалност, невнимание на тој што требаше да го прегледа оружјето на сетот и не го направи тоа, тој што требаше да каже дека пиштолот бил наполнет и не го направил тоа. Лицето кое требало да го провери оружјето пред да го донесе на сетот, не го направила тоа. А последицата е смрт на човек“.
„Сигурен сум дека имавме професионалци во сите области, но не и во одговорниот за оружјето. Нема шанси 24-годишна жена да биде професионалец со оружје… Професионалците се луѓе кои поминуваат години на снимање, луѓе кои си ја знаат работата од А до Ш. Тоа се луѓе кои имаат рефлекси за безбедност, не треба да им се кажува што да прават. Тоа го имаат во крвта“, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.