Италијанскиот премиер, Марио Драги, смета дека финалето на Европското првенство во фудбал не треба да се одржи во Велика Британија, поради тоа што станува збор за, како што изјави, земја со „рапидно зголемување на заразени со Ковид“.
Драги го посети Берлин, каде што се состана со германската канцеларка Ангела Меркел. На прес-конференција, Меркел ги нарече полните стадиони несоодветни за ЕВРО 2020, додека Драги на прашањето за можноста за пренесување на финалето од Лондон во Рим, одговори:
Да, ќе работам за да се осигурам дека финалето на УЕФА ЕУРО 2020 нема да се одржи во земја со брзо зголемување на заразени.
Финалето на Европското првенство треба да се одржи во Лондон на 11 јули.
Според последните податоци, бројот на новодијагностицирани случаи на инфекција со корона вирусот во Велика Британија се зголемил за 10.633 на ден, починале пет лица.
Британските власти планираа целосно да ги укинат ограничувањата за корона вирусот по 21 јуни, но поради брзото ширење на индискиот вид, укинувањето на сите ограничувања беше одложено за четири недели, односно до 19 јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.