Последната вечер на Сараево филм фестивал ја одбележи проекцијата на филмот „Тома“, посветен на големиот музички уметник Тома Здравковиќ. На црвениот килим прошета актерката екипа режисерот Драган Бјелогрлиќ и продуцентот Жељко Јоксимовиќ
„Toмa” е биографски филм за Тома Здравковиќ, човекот кого не го паметиме само по неговите песни и начинот на кој ги изведуваше, туку и како голем боем-според однесувањето и по душа. Филмот следи две дејствија: 1991 година прикажан е односот на Тома кон докторот кој го почнува неговото лекување и како тоа познанство прераснува во пријателство, а втората линија го следи животот на пејачот: од детството, преку познанството со Силвана Арменулиќ кое пресудно ќе влијае на неговата кариера, но и на приватниот живот, достигнување на неочекуваната голема популарност, но и дното на животот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.