Од полската режисерка Малгорзата Жумовска ни пристигнува црната комедија „Лице“, за кој на минатогодишното Берлинале ја доби наградата од жирито.
Делумно работен по вистинска приказна, приказната во филмот е сместена во мал град во Полска. Главниот лик е Јасел, кој сака хеви метал, својата девојка и кучето. Неговото семејство како и многумина во градот го сметаат за чуден. Тој работи на конструкција која треба да стане најголемата статуа на Исус во светот. Кога една тешка несреќа потполно ќе го уништи неговиот изглед сите погледи ќе бидат вперени кон него, додека Јасек поминува на првата трансплатација на лице во земјата.
Сакав да раскажам приказна за човек кој го губи својот идентитет, а општеството го отфрла затоа што неможат да го препознаат. -Изјавува Жумовска, додавајки „Апетитот да работам на комедии е се поголем. Како старееме мислам дека повеќе се смееме на реалноста и не ги прифаќаме работите толку сериозно.
Филмот „Лице“ премиерно ќе се прикажува во домашните кина од четврток, 20 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.