Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти за филмот „Одмаздници: Војна на бесконечноста“, кој вчера доби номинација за „Оскар“ токму за визуелните ефекти.
Покрај „Одмаздници: Војна на бесконечноста“, во категоријата за визуелни ефекти номинирани се и „Кристофер Робин“, „Првиот човек“, „Спремен Играч број Еден“ и „Соло: Приказна за Војна на ѕвездите“.
ФХ3Х беше дел од неколку филмски хитови кои добија „Оскар“ како „Златниот компас“ во 2008 година, „Животот на ПИ“ во 2013 година и „Ранго“, кој доби „Оскар“ за анимација во 2012 година.
ФХ3Х во 2018 година
ФХ3Х 2018 година ја започна со реализирана цел која беше една декада зацртана во портфолиото на компанијата: „Star Wars: The Last Jedi” со што конечно се исполни стремежот да се работи на една од најпознатите франшизи во филмската индустрија, особено кога се визуелните ефекти во прашање, велат од ФХ3Х.
Во текот на 2018 година македонската компанија реализираше 20 проекти, од кои 16 во филмска и 4 во телевизиска продукција. Во првата спаѓаат: „Црниот Пантер“, „Томб Рајдер“, „Одмаздници: Војна на бесконечноста“, „Дедпул 2“,„Светот на Јура: Паднатото кралство“, „Израмнувачот 2“, „Шпионот кој ме откачи“, „Мег“, „Невозможна мисија: Пребројување“, „Предатор“, „Венум“, „22-рата милја“, „Крид 2“, „Аквамен“ и „Мери Попинс се враќа“.
Проектите во телевизиската продукција беа филмовите: „Кутија за птици“ и „Кралот Одметник“, „Ураган“ и сериите „Стар трек дискавери“ и „Игра на тронови“.
ФХ3Х од почетокот до денес
1.ФХ3Х има досега реализирано 135 проекти од кои 120 филмски и 15 телевизиски
2. Од филмовите на кои имаат работено – 18 биле номинирани за Оскар
3. Од телевизиските проекти – 4 биле со соодветни телевизиски номинации или награди
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.