На петиот по ред фестивал ќе бидат прикажани 16 филма. Фестивалот на краток филм „ФИЛМАЈ 2023“ ќе се одржи утре и задутре во Занаетчиски дом во Куманово.
„Наградени се филмовите: новозеландскиот „Дацун“ режиран од Марк Албистон, српскиот „Ѕвер“ со Јуриј Искаков како директор на фотографија, „Сеќавање на брза бура“, (Грција) по сценарио на Софија Георговасили, заедно со најдобриот домашен филм „Проблемот на Тина“, и „Помеѓу зборовите“ од Луксембург како најдобар краток филм“, соопштуваат организаторите.
Официјално селектирани филмови кои ќе бидат прикажани се и: хрватскиот „Железна уста“, „Досие“,
(Иран), „Цреши“ и „Техно, мама“ од Литванија, мексиканскиот „Онан“, „Никој“, (Португалија), „40 минути“ и „Ден за капење“ од Русија, швајцарско-францускиот „Ферплеј“ и шпанските „Клаудија“ и „Хелено“.
Стручно жири на овогодишниот „ФИЛМАЈ“ беше составено од три члена: Симона Димковска
(актерка), Борна Зидариќ (сценарист и режисер) и Мартин Давитковски (член на фото-кино клуб
„Козјак“).
Фестивалските вечери се со почеток во 20 часот, а влезот е бесплатен за сите посетители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.