Јавноста реагираше што актерот Лук Пери беше изоставен од овогодинешнот Ин мемориам сегметнт на доделувањето на „Оскарите“, каде Американската филмска академија“ им оддава почит на починатите членови на индустријата.
Академијата прими неколку стотици барања од членовите на семејствата на починатите, но и колеги од индустријата за имињата на ним драги луѓе да им се оддаде почит во Ин мемориам сегментот. Ексклузивниот одбор, во кој има претставници од секоја гранка на индустријата ,бира врз основ на време кое Академијата ќе им го одобри. Сите пријави се поднесуваат на Oscars.com и осануваат на страницата во текот на целата година. На Лук Пери и Камерон Бојс им е оддадена почит во галеријата на страницата Oscars.com, истакнале од Академијата во службеното писмо до јавноста.
Обожавателите неговото изостанување од листата го нарекоа непочит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.