Пред неколку дена заврши судењето меѓу поранешните сопружници Амбер Херд и Џони Деп во кое актерот беше прогласен за насилник.
Со оглед на тоа што сите со нетрпение го очекуваа неговиот одговор на сè, не е изненадување што неговото прво јавно обраќање привлече толку големо внимание. Тој им се обрати на своите фанови преку писмо.
Прво сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката и лојалноста. Бројни пораки ме допреа и ти благодарам што ми даде љубов. Исто така, сакав да ви кажам како ме контактираа студијата „Ворнер брос“, барајќи од мене да си дадам оставка. Јас го прифатив нивното барање. Обвинувањата од британскиот суд нема да влијаат на мојата борба да ја кажам вистината. Планирам да докажам дека обвинувањата се лажни и мојот живот и кариера нема да бидат дефинирани во овој момент – изјави 57-годишниот актер, кој остана без улога во филмот „Фантастични ѕверови“.
Од продукцијата на споменатиот филм му се заблагодарија на актерот за неговиот ангажман.
Проблемите на Деп почнаа кога актерот реши да покрене тужба против медиумската куќа „Д Сан“ и неговата поранешна сопруга, со која беше во брак само 15 месеци. Причината за тужбата беше напис во кој се тврди дека Џони физички ја малтретирал Амбер.
Иако Деп обезбеди докази дека и актерката исто така била физички насилна кон него, судската одлука е сосема поинаква. Според пресудата, од 14 обвиненија за насилство што Амбер ги посочила пред суд, Деп е прогласен виновен за 12.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.