Актерот Џони Деп се огласи со соопшение откако претходно неделава го изгуби судскиот спор за клевета против британскиот таблоид „Сан“, кој објави дека ја злоставувл неговата сопруга. Судија на Високиот суд во Лондон заклучил дека тој постојано ја напаѓал својата поранешна партнерка, а таа со него живеала во страв за сопствениот живот.

Холивудскиот актер на почетокот на обраќањето до јавноста им се заблагодари на сите што го поддржаа, особено во последните неколку дена.

Во соопштението откри дека студиото „Warner Bros” “ го замолило да се повлече од улогата во продолжението на филмот „Fantastic Beasts”, а тој се согласил.

Пресудата на британскиот суд ја нарече надреална и посочи дека нема да ја запре во борбата за вистината. Тој исто така потврди дека ќе се жали на пресудата.

Деп додаде дека сака да докаже дека обвинувањата против него се лажни.

Мојот живот и кариерата нема да бидат облежани со ова – заклучи тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.