Американскиот актер Џон Малкович (65) ќе ја игра главната ролја во новата претстава инспирирана од озлогласениот холивудски продуцент Харви Вајнстин, кого повеќе од 80 жени го обвинија за сексуално злоставување, и вели дека претставата може да ја вознемири публиката. „Горка тупаница“ е претстава напишана од Дејвид Мемет, добитник на Пулицеровата награда, кој и ќе ја режира, а светската премиера ќе биде во јуни во лондоснкиот „Вест Енд“.
Станува збор за црна фарса за падот на многу лош медиумски могул, по обвинувањето за сексуално злоставување, изјавил Малкович, кој се враќа во театар по речиси 30 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.