Со универзалните теми, фокусот на вистинските вредности, слаткиот хумор, искрените дијалози, шармантната актерска екипа, „Зоки Поки“ ги придоби и децата и возрасните. Стана задолжително ТВ-четиво. Прикажувањето на серијата на скандинавската територија е историски успех за „Кино око“ и македонската продукција. Голема работа е да ги задоволите највисоките стандарди за детска програма во земјите каде што овој вид програма е дел од образовниот систем за кој знаеме дека е најдобриот во светот. „Зоки Поки“ успеа бидејќи се занимаваше со универзални теми, смета продуцентот Роберт Насков, кој со рафинирано избрана екипа успеа да спакува еден врвен производ и бренд.
Но, неубавата вест е дека и покрај подготвените нови епизоди и цела нова сезона, засега нема интерес за нејзино продолжување. Нивните барања засега не добиваат повратен одговор. Останува да се надеваме дека некој ќе ги препознае важноста и неопходноста за квалитетна македонска детска продукција, на македонски јазик, особено кога станува збор за продукт од рангот на „Зоки Поки“.
Целото интервју на „Факултети“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.