Актерката Дру БАримор потврди има вистина во урбаната легенда во Холивуд дека телото на нејзиниот дедо, актерот Џон Баримор, исчезнало од мртвоечница.
Баримор, познат по улогите во филмовите „Dr Jekyll and Mr Hide“ и „Sherlock Holmes“, почина на 60-годишна возраст во 1942 година од цироза на црниот дроб и откажување на бубрезите, како последица на воспалението на белите дробови.
По неговата смрт, во Холивуд долго време се зборуваше дека неговото тело „исчезнало“ од мртовечницата, а сега внуката Дру ја потврдува вистинитоста на оваа приказна.
Баримор обелодени дека телото на нејзиниот починат дедо било украдено и тоа од група негови пријатели. Како што објасни Баримор, причината за таа „акција“ била да му се даде на Џон последна шанса да ужива со своите пријатели, односно да биде присутен на голема прослава дури и по неговата смрт.
Таа забава подразбирала телото на Џон да биде поставено крај масата за покер за неговата последна партија карти со другарите.
Би сакала и моите пријатели да го направат истото за мене – признава Дру Баримор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.