Американската актерка Дру Баримор открива како го поминува времето во самоизолација со своите деца.
Уживајте во мирното време
Дру Баримор води активен животен стил, така што актерката и нејзините децa имаат одредени часови кога го поминуваат времето заедно. Сега, кога целиот свет седи дома, Дру Баримор и нејзината ќерки, седумгодишната Олива и петгодишната Френки, имаат време кое можат да си го посветат едни на други, но и на самите себе.
Уживајте во одмерен живот: направете кафе, подгответе го омиленото јадење и полека појадувајте. Осаменоста ви помага да се пронајдете себе си и ве инспирира за нови достигнувања!
Ценете ја Земјата
Дру Баримор го искористи карантинот за да научи неколку начини како да заштеди вода и електрична енергија. Како претприемач, таа се одлучи за рециклирана амбалажа за нејзиниот бренд Flower.
Дру сфати дека може да се решат многу проблеми со користење на Интернет и видео повици и дека таа ќе патува помалку по карантинот.
New blog posts are live! Happy Sunday!
Link in bio to read ❤️Posted by Drew Barrymore on Sunday, April 26, 2020
Пишувајте
За време на самоизолацијата, Дру Баримор ја прави својата омилена работа – пишува. Актерката признала дека сака да замисли дека нејзината тастатура е стара машина за пишување. Дру препорачува да одвоите време да ги запишете вашите мисли, идеи и чувства.
Задржете го позитивниот став
Претприемачката продолжува да работи од дома. Таа ги поддржува своите вработени, уверувајќи ги дека е нормално за нив да не ја зголемуваат продажбата сега, но ова се е привремено.
ТВ-емисии и филмови
И покрај својата продуктивност, Дру Баримор сака да легне на троседот и да го вклучи Netflix. Таа веќе успеала да го гледа Кралот на тигрите и неколку цртани филмови за Барби.
Игрите се започнати
Покрај тоа што гледа филмови за деца, Дру сака да игра игра разни игри со своите ќерки. Некои од нивните фаворити се Clue, Life и Candy Land.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.