Лејди Гага и Бредли Купер на 91. доделување на Оскарите во живо ја изведоа песната „Shallow“ од филмот „Ѕвездата е родена“.
Партнерите од филмот додека ја пееја песната постојано се гледаа во очи, а потоа се прегрнаа и тој ја бакна.
Ова е прв настап на Лејди Гага откако таа ја прекина врската и свршувачката со своето досегашно момче Кристијано Карино, а во публиката седеше и свршеницата на Бредли, Ирина Шајк.
Песната „Shallow“ беше многу популарна годинава, а доби Оскар за најоригинална песна
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.