Продукциската компанија „Волт Дизни“ вчера соопшти дека ги прекинува прикажувањето филмови во Русија, вклучително и претстојната анимација на „Пиксар“ – „Црвената панда“ (Turning Red). Како причина ја наведоа „неиспровоцираната инвазија на Украина и трагичната хуманитарна криза“.
Ќе носиме идни деловни одлуки врз основа на состојбата што е во развој. Во меѓувреме, со оглед на размерите на новонастанатата бегалска криза, работиме со нашите партнери од невладини организации за да обезбедиме здавствена и друга хуманитарна помош, се вели во соопштението.
Како што се наведува, „Дизни“ е првото големо холивудско студио кое ги прекина киноприкажувањата во Русија како одговор на инвазијата на Украина.
Украинската филмска академија изминатиот викенд почна интернет-петиција со која повикува на меѓународен бојкот на руската филмска индустрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.