Џејсон Присли, актерот кој го играше Брендон во култната тинејџерска серија „Беверли Хилс 90210“, се збогува од најдобриот другар Дилан, актерот Лук Пери, кој почина во понеделникот во Калифорнија, пет дена откако преживеа срцев удар.
Брендон објави фотографија од него и Дилан со порака во која до детали го опипшува нивниот однос негуван 3 децении.
Ми требаа неколку дена за да го напишам ова… Мојот другар веќе 29 години, Лук Пери, беше еден од оние вистинските посебни луѓе кои се грижат…
Лук не беше само ѕвезда, беше неверојатно силна светлина која прерано згасна… и затоа мене, и многу други, денес силно не боли…
Ако имавте среќа да го познавате Лук, или да бидете во негова близина, знам дека денес сте тажни… свеќата која гори двојно посилно гори само до половина… ти изгоре, толку силно, Лук…
Лека ноќ, принцу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.