Колегите и пријателите се простуваат од американскиот актер Лук Пери, кој денеска почина на 52-годишна возраст. Пери беше актуелен со серијата „Ривердејл“, но, сепак, најпознат по улогата на Дилан во култната „Беверли Хилс“.

Во изјава за „Пипл“ неговата колешка Џени Гарт порача дека срцето ѝ е скршено.

Тој им значеше толку многу на многумина. Навистина специјална личност. Ја делам најдлабоката тага со неговото семејство и со сите што го сакаа. Колку ужасна загуба, вели „Кели“.

Шенон Доерти, која и самата помина низ тешка борба со болест, сè уште нема последна порака за својот колега.

„Бренда“ за својот „Дилан“ упати порака со поддршка пред само неколку дена, кога одекна веста за неговата лоша здравствена состојба.

 

View this post on Instagram

 

My friend. Holding you tight and giving you my strength. You got this.

A post shared by ShannenDoherty (@theshando) on

Мој пријателе. Те гушкам цврсто и ти ја давам мојата сила, му порача Доерти.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.