Американскиот актер Бред Пит (55) во филмот „Беше еднаш во Холивуд“ го отелотворил ликот на Клиф Бот, а овојпат го воодушевил женскиот дел од популацијата.
Во една сцена Бред e со Леондардо Ди Kаприо на покривот од куќата, за да ја поправи антената. Бред тогаш ја соблекува кошулата, а обожавателките своето воодушевување го покажале на социјалните мрежи. Тие искоментирале дека актерот изгледа подобро отколку кога ја соблекол маицата во филмот „Телма и Луиз“ од 1991 година.
Бред знаеше дека не треба да ја соблече кошулата за да ја поправи антената, но тоа го направи поради нас“, е само еден од коментарите на обожавателките.
Исто така, некои рекле дека Бред Пит изгледа неверојатно добро на 55-годишна возраст, додека други признале дека уживале во сцената.
Ова е првпат двајцата холивудски заводници да глумат заедно, а нивната соработка и самиот режисер Квентин Тарантино ја опишал како највозбудлив тандем после Роберт Редфорд и Пол Њумен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.