Холивудската ѕвезда Бред Пит пристигна со чамец на Венецискиот филмски фестивал, каде го промовира филмот „Ад астра“ , првиот излет на наградуваниот режисер Џејмс Греј во научна фантастика. Филмот ќе почне да игра во кината од 20 септември.

Мостра ќе трае до 7 септември  а за „Златниот лав“  се натпреваруваат 21 филм, а за време на одржувањето на фестивалот на црвениот тепих ќе се прошетаат многу ѕвезди како Мерил Стрип, Џони Деп, Скарлет Јохансон и Роберт Патинсон. Најавено е дека постои можност пред крајот на фестивалот во Венеција да пристигне и Мик Џегер.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.