Американскиот актер Бред Пит му се заблагодари на својот колега Бредли Купер за помошта што му ја пружил во борбата против алкохолизмот.

На доделувањето на Наградите на американскиот Совет на филмски критичари (National Board of Review), Пит е прогласен за најдобар спореден актер за филмот „Беше еднаш во Холивуд“. Притоа, тој неочекувано се осврна на својата битка со зависноста од алкохол, откако наградата ја прими токму од Купер.

Во говорот тој посебно нагласи дека Купер е прекрасен татко и одличен пријател.

Купер стигна на настанот откако претходно ја заспа ќерка му. Престанав да пијам поради овој човек и секој ден ми е посреќен оттогаш, истакна Пит.


Бред Пит се бореше со зависноста по разводот со Анџелина Џоли, но во јавноста, сè досега, не говореше за тоа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.