Освен актерката Милена Радуловиќ, која во исповед за Блис го обвинува српскиот педагог Мирослав Мика Алексиќ за силување, и неколку други девојки, од кои некои малолетни, пријавиле во полиција дека ги силувал или сексуално го вознемирувал истиот српски филмски режисер, продуцент и педагог.
Ме шокира приказната на мојата млада колешка Милена Радуловиќ, чиишто родители многу добро ги познавам. Син ми Иван и ќерка ми Ана една година одеа во школото на Мика Алексиќ, кога беа мали. Самите се откажаа, зашто многу им се дерел.
Мика го знам од факултет. Немам зборови.
Секое насилство го осудувам и го презирам, особено врз жените, за децата и да е зборувам Тоа остава трајни последицо на живтот на жртвата и драстично ѝ го менува погледот на светот. Силувањето е понижување на телото, духот, личноста и слободната волја на секој од нас.
Храбри жени, ја имате мојата поддршка. Борбата е единствениот одговор, напиша на социјалните мрежи актерот Бранислав Лечиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.