Семејството на Халина Хачинс, камерманката која загина на сетот на филмот „Rust“ од 2021 година и Алек Болдвин постигнаа необјавен договор во нивната тужба против актерот и другите вмешани во смртта на камерманката, се вели во соопштението објавено од адвокатот на актерот.

Тужбата против Болдвин, продуцентската куќа на филмот и другите клучни членови на екипажот, поднесена во февруари во Санта Фе, наведува дека има бројни прекршувања на индустриските стандарди за време на снимањето.

Метју Хачинс, вдовецот на Халина Хачинс, која беше убиена на снимањето, ќе биде извршен продуцент на филмот и ќе добие дел од профитот, се додава во соопштението.

Постигнавме спогодба, која е предмет на судско одобрување. Како дел од таа спогодба, нашиот случај ќе биде отфрлен. „Rust“, кој сега ќе го продуцирам, ќе продолжи со снимањето со сите оригинални главни актери во јануари 2023 година. Сите веруваме дека смртта на Халина е страшна несреќа. Благодарен сум што продуцентите и забавната заедница се собраа да одадат почест на последното дело на Халина – вели Хачинс во изјавата.

Режисерот на филмот, Џоел Соуза, кој исто така беше повреден во пукањето, треба да се врати во филмот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.