Поранешната девојка на Џемс Бонд, ѕвездата на „Чарлиевите ангели“ и на „Лудите седумдесетти“ Тања Робертс (65) почина во болница во Лос Анџелес 24 часа откако лажната вест за нејзината смрт го обиколи целиот свет, потврди Би-би-си.
Во понеделникот вечерта, нејзиниот партнер Ленс О’Брајан за ТМЗ потврди дека починала во болницата „Кедарс-Синај“, неколку часа откако беше демантирано дека починала претходниот ден.
Што се случило?
Робертс ги шетала своите кучиња на 24 декември, по што таа се срушила. О’Брајан последен пат ја посетил во болницата во неделата, а лекарите му рекле дека нејзината состојба нагло се влошува. Тој ја посетил последен пат и, како што раскажал, тогаш видел дека се гаси светлината во нејзините очи. „Скршен“ тој ја напуштил болничката соба и, без разговор со лекарите, го повикал нејзиниот агент и му рекол дека „се збогувал со Тања“.
Откако агентот испрати соопштение за јавноста дека актерката починала, се јавиле лекарите од болницата и објасниле дека Робертс е сè уште жива и дека се наоѓа на Одделот за интензивна нега.
За време на ТВ-интервју што го даде за Inside Edition во понеделникот, О’Брајан добил известување преку повик од болницата дека неговата партнерка е жива.
Дали ми велите дека е жива? Му благодарам на Господ – снимено е додека зборува.
Сепак, во понеделникот вечерта пристигнала веста дека актерката починала.
Нејзиниот пријател и агент за односи со јавноста, Мајк Пингел, во неделата издаде соопштение во кое тој напиша дека Тања се срушила по прошетка со кучињата, дека е прилучена на респиратор и дека починала. Тој за Еј-би-си изјави дека тие се пријатели повеќе од 20 години и дека таа била вистински ангел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.