Францускиот филм „Клер Дарлинг“ во режија на Џули Бертучели на редовниот репертоар на домашните кина.
Првиот ден од летото Клер Дарлинг се буди убедена дека тоа и е последниот ден од животот. Таа одлучува да продаде сѐ од куќата, од Тифани ламба, уметнички слики до најразлични работи кои ги поседува. Сите тие предмети се купени со љубов и зрачат со енергија на еден трагичен и блескав живот. Ова лудо однесување на Клер ја враќа нејзината ќерка Мери, која после 20 години доаѓа да ја види.

Катрин Денев и Кјара Мастројани ги играат главните улоги во режија Џули Бертучели. Бертучели го има своето режисерско деби во 1993 година, позната по своите документарни филмови за кои е често наградувана. Нејзиниот прв игран филм „Откако замина Отар“ ја доби врвната награда на критичарите на филмскиот фестивал во Кан во 2003 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.