Актерката Џанет Маус почина во неделата во 39 година од животот, после борба со рак на дебелото црево.
На Џанет и била дијагностицирана и Кронова болест, хронична воспалителна болест на цревата, која го зафаќа целиот дигестивен тракт, а пред осум месеци заболела и од карцином на дебелото црево.
Актерката која беше и учител по глума, ќе остане запаметена по улогата во „Резидент Ивл 8: Вилиџ“, во која играше неколку ликови.
Свршеникот на Џанет, Дасти Ворен се прости од неа на Фејсбук.
Навстина сум тажен, ама и многу горд на неа. Се бореше со грациозност и оптимизам, се охрабруваше себеси, а сигурен сум и многу други- напиша тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.