Бен Афлек и Мајкл Китон, двајцата актери кои во кариерата имаа можност да го глумат ликот на Бетмен, ќе имаат можност да ја повторат улогата на „црниот витез“ во наредниот филм за суперхеројот Флеш.

Во овој филм, предвидено е Афлек и Китон да имаат споредна улога. Во меѓувреме, Бен Афлек ќе го глуми Бетмен и во следното продолжение на „Лига на праведните“ (Justice League), најавен за следната 2021 година.

Китон го глумеше Бетмен во два филма во раните 1990-ти.

Во новиот филм „Флеш“, главната, насловна улога ќе ја толкува Езра Милер.

Филмот е во претпродукција. Премиерата е закажана за јуни 2022 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.