Откако во последните три продолженија го играше Бетмен, Бен Афрек (46), доби отказ и повеќе нема да го глуми овој херој. Имено, новиот филм со Бетмен, кој ќе биде режиран од Мет Ривс, ќе пристигне во кината во 2021 година, а самиот Афлек потврди дека нема да биде во него.
Таа улога бара фокус, страст и најдобро глумење, кое мораш да го дадеш. Стана јасно дека јас не можам да ги исполнам тие барања, изјавил Афлек.
Тој додаде дека причината за неговиот отказ била неговата зависност од алкохол, поради што лани три пати завршил на лекување. Иако нема да игра, актерот рече дека е среќен што филмот ќе биде снимен откако беше објавено дека ќе го гледаме во кината во 2021 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.