Автобиографскиот филм на Кенет Брана, „Белфаст“ и вестернот „Моќта на кучето“ добија најмногу номинации за „Златен глобус“. Двата филма се номинирани во седум категории.
Номинациите вообичаено ги соопштуваат бројни филмски ѕвезди, но овојпат, тоа го направи раперот Снуп Дог.
Освен „Белфаст“ и „Моќта на кучето“, за најдобра драма се номинирани и „Дина“, „КОДА“ и „Кралот Ричард“, а за најдобра комедија/мјузикл „Сирано“, „Не гледај нагоре“, „Приказна од западната страна“, „Тик, тик… бум“ и „Ликорис пица“. Махершала Али, Хавиер Бардем, Бенедикт Камбербач, Вил Смит и Дензел Вашингтон се номинирани за најдобар актер во драма, а Џесика Честејн, Оливија Колман, Леди Гага, Никол Кидман и Кристен Стјуарт за најдобра актерка.
За Златен глобус за најдобар режисер конкурираат Брана, Стивен Спилберг, Меги Џиленхал, Џејн Кемпион и Денис Вилнев.
Добитниците ќе бидат објавени на 9 јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.