Во недела на „Оскарите“ пазете ја Атиџе Муратова, пишува агенцијата „Франс прес“.
Пред „Медена земја“ и победата на филмот на „Санденс“ пред една година, Атиџе живееше во земјена колиба без струја и вода во зафрлена област во Македонија, а сега е славна личност и во Холивуд. Сега, тоа е првиот филм во историјата кој добил номинации за Оскар во две категории – најдобар документарец и најдобар странски филм, а Атиџе стана славна личност која холивудските ѕвезди ја застануваат на улица.
Сара Џесика Паркер беше многу возбудена што ја сретна Атиџе откако го гледала филмот. Атиџе ѝ предвиде иднина гледајќи ѝ на кафе, вели продуцентот Атанас Георгиев.
Бидејќи 56 години таа живеела доста среќно без телевизија, Атиџе не ни знаше за „Сексот и градот“, пишува „Франц прес“. Претходно Сара Џесика Паркер преку „Инстаграм“ објави колку е воодушевена од филмот и самата пчеларка.
Кога Атиџе заминала за Скопје да го проба фустанот што ќе го носи на свеченоста во Лос Анџелес, ѝ требале 20 минути за да помине 200 метри, бидејќи толку многу луѓе сакале да се сликаат со неа.
Луѓето ја сакаат. Таа стана ѕвезда. Немаме избор освен некако да се носиме со тоа. Антрополошки, не би требало да го правиме тоа, но имаше голем притисок од јавноста во Македонија таа да оди на Оскарите, додаде Георгиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.