Асистентот на режисерот, му гарантирал на Алек Болдвин дека пиштолот со којшто актерот застрела колешка за време на снимање на филм е безбеден. Судските записи откриваат дека асистентот не знаел дека реквизитот содржи боева муниција.
Директорката на фотографија, Халина Хачинс почина откако куршумот ја погоди во градите, а режисерот кој се наоѓал веднаш зад нејзе е ранет, но вчера е пуштен на домашно лекување.
Весникот „ЛА тајмс“ објави дека на сетот не се почитувале во потполност безбедносните протоколи. Минатата недела, најмалку еден учесник во снимањето на филмот се жалел на продукцијата околу безбедносните проблеми со оружјето на сетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.